
Шоубиз
ПО ИНТИМНАТА ВЕЧЕРА: Бен Афлек е навистина близок со близнаците на Џеј Ло
Очигледно стана хит помеѓу холивудските ѕвезди да се враќаат на старите љубовни партнери, па таков е и случајот со познатата пејачка Џенифер Лопез, која од неодамна е во врска со старо – новата љубов Бен Афлек.
Бен Афлек, како што пишуваат американските медиуми, веќе докажал дека е дел од семејството, бидејќи бил виден и со нејзините деца.
48-годишниот актер бил забележан со 13-годишниот син близнак на Џеј Ло, синот Максимилијан и ќерката Ем, за време на семејната вечера во Нобу во Малибу во неделата вечерта.


