Поранешниот телохранител на Бритни Спирс тврди дека пејачката еднаш неделно примала силни лекови
Покрај многуте познаници, пријатели и соработници на поп ѕвездата Бритни Спирс, се огласи и нејзиниот поранешен телохранител кој работел за неа на почетокот на „пеколот“ со старателството кој го преживува, и тој ги потврдил сите нејзини тврдења.
Фернандо Флорес (40), поранешен телохранител на Бритни Спирс, тврди дека пејачката примала коктел од силни лекови еднаш неделно и дека често се расплакувала поради својот татко.
Фернандо работел за Бритни осум месеци во 2010 година и тврди дека секоја недела една жена ја посетувала Бритни за да и даде лекови. Всушност се работело за три антипсихотични лекови и контрацепција.




