Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шакира доби статуа во родниот град: „Ова е премногу за моето мало срце“

Шоубиз

Шакира доби статуа во родниот град: „Ова е премногу за моето мало срце“

Пејачката Шакира сподели дека добила своја статуа во нејзиниот роден град Баранкила во Колумбија.

„Ваква посвета… Ова е премногу за моето мало срце“, напиша Шакира (46) и се пофали дека добила статуа во родниот град Баранкила. Нејзините родители го посетиле местото каде што се наоѓа статуата, а поводот бил уште поголем поради тоа што мајката на Шакира, Нидија, тој ден го прославувала роденденот.

– Среќна сум што можам да го споделам ова со моите родители, а особено со мајка ми на нејзиниот роденден – напишала пејачката. За време на откривањето на статуата, им се придружиле градоначалникот и браќата и сестрите на Шакира.

Статуата го прикажува препознатливиот стомачен танц на Шакира, во бикини и долго, лелеаво здолниште.

Пред статуата има и плоча со детали на шпански. Како што пишува, статуата е изработена од бронза и е висока шест и пол метри. На долниот раб на здолништето има набори кои ги симболизираат брановите на морето и реките.

Статуата е дело на уметникот Вино Маркес, со помош на студенти од уметничко училиште.

„Срце што компонира, колкови што не лажат, неспоредлив талент, глас што ги движи масите и боси нозе што чекорат за доброто на децата и хуманоста“, е реченицата што стои на врвот на плочата.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.