Шоубиз
Познати гости, гламурозна декорација и скап Баленсијага фустан: Вака изгледаше прославата на 50-тиот роденден на Северина
Познатата хрватска пејачка Северина Вучковиќ го прослави својот 50-ти роденден со гламурозна прослава со многу познати гости.
Заносната сплиќанка приреди голема забава во загрепскиот клуб Mint за наводно околу 300 гости, а на забавата пристигнала со бело порше и во придружба на својот долгогодишен пријател и пиар Давор Гргин.
За прославата се одлучила за син фустан на Баленсијага кој бил врзан во машнички на вратот и долниот дел. Косата ја врзала во реп, имала совршена шминка како и секогаш, а насмевката не ја симна од лицето.





