Шоубиз
Познато е кој ќе биде домаќин на 97. доделување на Оскарите
Конан О’Брајан, познатиот американски водител, комичар, сценарист и продуцент, е избран за домаќин на 97. доделување на Оскарите.
Тој за прв пат ќе се најде во улога на водител на престижната манифестација посветена на седмата уметност, по две години во кои домаќин на церемонијата беше Џими Кимел.
„Возбудени сме и почестени што О’Брајан ќе биде домаќин на доделувањето на Оскарите. Неговата исклучителна способност да се поврзе со публиката ќе ги зближи гледачите да го направат она што Оскарите најдобро го прават – да им оддаде почит на спектакуларните филмови и филмаџии од претходната година“, се вели во соопштението на организаторите.




