Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Познато е колку ќе заработи Марго Роби од улогата во „Барби“

Шоубиз

Познато е колку ќе заработи Марго Роби од улогата во „Барби“

Марго Роби е богато наградена за нејзината главна улога како Барби.

Ѕвездата и продуцентот која стои зад најголемиот хит на летото би требало да заработи околу 50 милиони долари, дел како плата, а останатото преку бонуси од заработката од прикажувањата во кино салите, според три лица запознаени со нејзиниот договор, пишува Variety.

Режисерката и ко-сценарист на „Барби“, Грета Гервиг, исто така, најверојатно ќе добие бонуси за огромниот успех на филмот. „Барби“ заработи неверојатни 526,3 милиони долари на американскиот пазар од неговото прикажување пред еден месец, како и 657,6 милиони долари на меѓународниот пазар.

Тоа е 1,18 милијарди долари на глобално ниво, а таа бројка треба да продолжи да расте со оглед на тоа што „Барби“ се уште е на врвот на бокс-офисот. Филмот беше втор со најголема заработка во историјата на Warner Bros, зад „Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 2“. Тоа е, исто така, филм со најголема заработка досега од жена режисер, надминувајќи го претходниот рекордер „Frozen II“, корежиран од Џенифер Ли.

Покрај тоа што ја оживеа популарната детска кукла, Роби го продуцираше филмот и преку нејзината продукциска куќа LuckyChap Entertainment, која ја основа во 2014 година со нејзиниот сегашен сопруг Том Акерли и пријателите Џози Мекнамара и Софија Кер.

Целта на компанијата беше да ги донесе женските приказни на екранот и да ги поддржи женските креатори зад сцената. Нејзината листа на проекти ги вклучува филмот „Promising Young Woman“ номиниран за Оскар, продолжението на „Birds of Prey“ и серијата „Maid“ на Нетфликс.

Роби беше номинирана за две награди Оскар за нејзините изведби во „I, Tonya“ и „Bombshell“. Таа првичната популарност ја стекнува во „The Wolf of Wall Street“ на Мартин Скорсезе и постигна комерцијални хитови со „Suicide Squad“ и „Once Upon a Time in Hollywood“. Но, ниту еден од тие филмови не се приближи до успехот на „Барби“, кој полека се претвора во еден од најголемите блокбастери во филмската историја.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.