Шоубиз
Рајан Гослинг и Марго Роби како Кен и Барби во филмот за познатата кукла
На изненадување на обожавателите, продукциската куќа „Warner Bros“ ја објави првата слика од Кен од престојниот филм за најпопуларната кукла во светот – „Barbie“.
Имено, компанијата „Warner Bros“ на Твитер потврди дека реализацијата ќе ја види светлината на денот на 21 јули 2023 година, а објавија и како ќе изгледа славниот Кен.
41-годишниот холивудски заводник Рајан Гослинг ќе го игра Кен, момчето на познатата кукла Барби, во истоимениот игран филм на режисерката Грета Гервиг. Насловната улога во филмот инспириран од популарната кукла ја игра Марго Роби, а како изгледа во оваа улога, можевме да видиме пред неколку месеци.
#BARBIE
July 21, 2023
Only in theaters pic.twitter.com/mauCGpizD1— Warner Bros. Pictures (@wbpictures) April 26, 2022
„Warner Bros“ овој пат публиката ја воодушеви со првата фотографија на Гослинг во улогата на партнерот на Барби, Кен, која можете да ја погледнете во продолжение.
#BARBIE
July 21, 2023
Only in theaters. pic.twitter.com/DAemOyv5H8— Warner Bros. Pictures (@wbpictures) June 15, 2022
На фотографијата Гослинг го покажува своето исончано тело и извајани стомачни мускули во искината тексас јакна, како и обоената платинеста руса коса.
Покрај двајцата холивудски актери, во филмот ќе се појават и Иса Ре, Вил Ферел, Кејт Мекинон, Симу Ли, Мајкл Сера и Америка Ферера.