Шоубиз
Бред Пит во интервју за „GQ“: Актерот откри досега непознати детали од приватниот живот и најави крај на кариерата
Бред Пит во своето последно интервју зборуваше за својата кариера и здравје, а се осврна и на животните промени по разводот со Анџелина Џоли.
Бред Пит ја краси јулската/августовска насловна страница на магазинот „GQ“ и во интервјуто зборуваше за промената на животниот стил по разводот во 2016 година со сопругата Анџелина Џоли (47).
Бред го прифатил животот во апстиненција и истакна дека секој во одреден момент од животот чувствува емоционална болка и дека тагата е неизбежен дел од растењето и созревањето.




