Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Реакцијата на Рајан Рејнолдс кога ја виде својата сопруга на црвениот тепих стана хит на Твитер

Шоубиз

Реакцијата на Рајан Рејнолдс кога ја виде својата сопруга на црвениот тепих стана хит на Твитер

Реакцијата на актерот Рајан Рејнолдс (45) кога ја виде сопругата Блејк Лајвли (34) на црвениот тепих стана хит на Твитер. Корисниците на оваа социјална мрежа не престануваат да го коментираат неговиот ентузијазам за сопругата на Мет Гала.

Некој од публиката гo снимил момент во кој Рајан се восхитува на својата сопруга при пристигнувањето. Тој подоцна се насмеал и гордо аплаудирал, а снимката набрзо се прошири на социјалните мрежи и стана хит.

Блејк блесна на Мет Гала во креација која во еден момент ја промени бојата од бронзена во тиркизна. Затоа го нарекуваат фустан со две лица, а го дизајнираше италијанската модна куќа Версаче.

-Рајан Рејнолдс, кој гледа со сјај во очите и и аплаудира на Блејк Лајвли додека сјае на Мет Гала, е причината поради која верувам во љубовта – напиша еден Твитер корисник.

– Рајан Рејнолдс кој само стои во позадина и гледа како Блејк Лајвли го има својот момент е најскапоценото нешто, ако ова не е љубов тогаш не знам што е – коментираше корисникот.

-Ако не те гледа онака како што РАЈАН ja гледа БЛЕјК, девојко, тој не е правиот – рече корисник на Твитер со видео на кое се гледа реакцијата на актерот.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.