Шоубиз
Џими Кимел се шегуваше за „шамарот“ и го претстави „кризниот тим“ од актери во монологот за Оскарите
Водителот на овогодинешното доделување на Оскарите, Џими Кимел (55), традиционално на почетокот на церемонијата имаше уводен говор. Во комичниот монолог, тој спомна неколку познати личности, а особено се осврна на инцидентот меѓу Вил Смит (54) и Крис Рок (58) на Оскарите во 2022 година.
На почетокот на церемонијата Кимел се појави како пилот во филмот „Top Gun“. Се разбира, во монтажа.
Џими се шегуваше за многу актери и режисери, меѓу кои и Стивен Спилберг. Тој рече дека Холивуд останува без нови идеи, бидејќи постојано се снимаат продолжениja, па Стивен Спилберг морал да сними филм за себе. Тој го коментираше и телото на Том Круз, кој не присуствуваше на церемонијата, во филмот „Top Gun: Maverick“. И веднаш го спомна режисерот Џејмс Камерон, кој исто така не пристигна.




