Шоубиз
Сара Џесика Паркер повторно би го искусила раѓањето на синот Џејмс
Познатата глумица Сара Џесика Паркер беше прашана кој момент би сакала да го повтори во нејзиниот живот.
Гордата мајка на три деца одговори дека тоа е само една работа – раѓањето на нејзиниот син Џејмс Вилки.
– Кога би можела да повторам еден момент во мојот живот, тоа би било раѓањето на моето дете. Родив само еднаш. Ќе родев повеќе пати да можев, истакна 51-годишната глумица.




