Шоубиз
Шакира ќе настапи во финалето на Копа Америка
Шакира ќе настапи во финалето на Копа Америка во 2024 година, објави највисокото извршно тело во Јужна Америка задолжено за фудбалот (КОНМЕБОЛ). Добитничката на Греми и Латин Греми ќе настапи за прв пат на ваков настан.
„Шакира е извонредна јужноамериканска ѕвезда која го заслепи целиот свет. Нејзините песни се пеат и танцуваат на секој агол на планетата, нејзината уметност се претвора во глобален феномен кој ги преминува границите и во кој уживаат милиони луѓе“, рече Алехандро Домингез, претседател на КОНМЕБОЛ.




