Шоубиз
Репрезентацијата на Аргентина го исмева Дрејк: Се обложи против нив и изгуби 300.000 долари
Дрејк повторно се обложи и повторно згреши.
Канадскиот рапер на Инстаграм објави дека се обложил со 300.000 долари дека канадскиот тим ќе ја победи Аргентина во полуфиналето на Копа Америка. Ако погодеше, неговата добивка ќе беше 2,88 милиони долари.
Сепак, Аргентина ја победи Канада со 2:0 и се пласираше во неделното финале на Копа Америка. Репрезентацијата на Аргентина по натпреварот објави фотографија на социјалните мрежи на која Лионел Меси и неговите соиграчи ја слават победата.




