Шоубиз
Меган Маркл со емотивна објава за смртта на своето куче Гај
Меган Маркл ја објави тажната вест која го потресе нивното семејство. Војвотката од Сасекс ја објави смртта на своето куче Гај, на кое му посвети многу емотивна објава на Инстаграм.
На снимките и фотографиите се гледа миленикот на Меган во различни прилики со неа, но и со Хари и нивните деца, петгодишниот Арчи и тригодишната Лилибет.
“Во 2015 година посвоив бигл. Тој беше во засолниште во Кентаки и рекоа дека има само уште неколку дена живот. Веднаш се заљубив во него. Ако порано сте ме следеле на Инстаграм, сте виделе дека Гај беше со мене за време на ‘Suits’, кога се верив (а потоа се омажив), кога станав мајка… Тој беше тука за мене во тишината и во хаосот“, напиша војвотката.




