Шоубиз
Славната макекенка Жизел Бундшен на 44 години стана мајка по третпат
Семејството на една од најуспешните бразилски манекенки Жизел Бундшен доби ново бебе. Познатата убавица го роди своето трето дете, а првото со партнерот Хоаким Валенте.
Бразилската манекенка Жизел Бундшен (44) стана мајка по трет пат, пренесува TMZ. Жизел го роди своето трето дете, прво со партнерот Хоаким Валенте (35). Мајката и бебето се добро, но полот и името на бебето се уште не и се познати на јавноста, јавуваат странските медиуми. На крајот на октомври беше откриено дека Жизел е бремена.
Жизел е веќе одредено време во романтична врска со Хоаким Валенте, мајстор за џиу-џицу. Според странските медиуми, манекенката и Валенте ја започнале врската веднаш откако Жизел се разведе од НФЛ ѕвездата Том Брејди.





