Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Т“ за Тревис? Тејлор Свифт повторно го носеше истиот синџир од Греми наградите, овој пат околу вратот

Шоубиз

„Т“ за Тревис? Тејлор Свифт повторно го носеше истиот синџир од Греми наградите, овој пат околу вратот

Тејлор Свифт минатиот викенд ги запали социјалните мрежи кога се појави на доделувањето на Греми наградите во краток црвен фустан, а на левата нога имаше синџир со привезок „Т“. Многумина веднаш помислија дека тоа е посветено на нејзиното момче, НФЛ ѕвездата Тревис Келси.

Свифт го носеше истиот синџир, овој пат околу вратот, за време на Суперболот, каде што го следеше натпреварот помеѓу Филаделфија Иглс и Канзас Сити Чифс – каде игра нејзиното момче.

Тејлор го дизајнирала синџирот со помош на познатата американска дизајнерка на накит Лорејн Шварц.

Маркетинг

Иако многумина очекуваа дека Тејлор на големиот натпревар ќе се појави во црвено, бојата на Канзас Сити Чифс, таа носеше бело палто од Saint Laurent, високи бели чизми, светкави шорцеви, а единственото црвено нешто беше нејзината Givenchy чанта.

Љубителите на американскиот фудбал долго време се жалат на Свифт на натпреварите бидејќи тврдат дека целото внимание е насочено кон неа, а не кон играта. Кога беше прикажана на големиот екран на стадионот за време на натпреварот, многумина ја исвиркаа. Изгледаше малку збунето од реакцијата на стадионот, но не изгледаше премногу вознемирена.

Свифт го следеше натпреварот од еден од вип секторите на стадионот заедно со своето семејство и пријателите како и со семејството и пријателите на Тревис.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.