Шоубиз
Супер Боул 2025: Историски настап на Кендрик Ламар на полувремето, Доналд Трамп и бројни ѕвезди на трибините
Суперболот е еден од најголемите телевизиски настани во Америка, а честа да настапи оваа година му припадна на Кендрик Ламар.
Познатиот рапер Кендрик Ламар оваа година настапи во најскапите 15 минути во светот на американската телевизија и испиша историја како првиот соло хип-хоп артист кој настапил како главна ѕвезда на полувремето на Супер Боул, кое годинава се одржа во „Цезарс Супердоум“ во Њу Орлеанс.




