Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Taylor Swift: The Eras Tour Concert Film“: Овој филм ќе ги спаси американските кина

Шоубиз

„Taylor Swift: The Eras Tour Concert Film“: Овој филм ќе ги спаси американските кина

Штрајкот на холивудските актери и сценаристи трае веќе со недели. Поради ова, многу филмови и серии го одложија или откажаа снимањето и премиерите, но американските кина имаат спасител – нејзиното име е Тејлор Свифт.

Иако дел од летото беше многу успешен на филмски план, а „Barbie“ и „Oppenheimer“ заработија многу пари на кино благајните, многу наслови нема да бидат објавени во есенските датуми поради штрајкот. Сепак, филмот со наслов „Taylor Swift: The Eras Tour Concert Film“ би можел да ги привлече гледачите во кината.

Филмот, кој трае речиси три часа (поточно 2 часа и 45 минути), е во режија на Сем Вренч, а во кината ќе се појави на 13 октомври. Сем го режираше и документарниот филм „Halftime“ на Џенифер Лопез за Нетфликс, а соработувал и со Били Ајлиш, BTS и Лизо.

Билетите за концертниот филм на Тејлор се веќе во претпродажба и очекувано соборуваат рекорди. Гардијан објави дека филмот веќе заработил неверојатни 26 милиони долари од авансна продажба на билети. Ова е нов рекорд за американскиот синџир кина AMC. Рекордот претходно го држеше филмот „Spider-Man: No Way Home“ со 16,9 милиони долари.

Таа бројка се однесува само за авансна продажба во АМC, што значи дека реалниот број на продадени билети е многу поголем. AMC е најголемиот синџир на кина во светот и официјален дистрибутер на филмот, но концертниот филм The Eras Tour ќе се прикажува и во конкурентните кина како што се Regal, Harkins и Cinemark.

Филмот прво ќе се прикажува во САД, Канада и Мексико, а AMC обезбедува најмалку четири проекции дневно од четврток до недела. Филмот би требало во кината да се прикажува четири недели.

По теророт низ кој поминаа фановите за да купат билети за концертот на Тејлор, што доведе до тужби, АМC вети дека ќе го зголеми капацитетот за купување билети.

„Ќе го зголемиме капацитетот на нашиот сервер за билети бидејќи побарувачката е пет пати поголема отколку за кој било друг филм во историјата. Ние признаваме дека ниту еден систем за билети не може да ја задоволи постојано зголемената побарувачка од обожавателите на Тејлор Свифт откако билетите ќе бидат пуштени во продажба“, објавија тие. А цената на билетот? 19,89 долари за возрасни, 13,13 долари за деца.

Во американските кина се стравуваше дека нема да имаат хитови да им понудат на гледачите, како што ги нудеа „Barbie“ и „Oppenheimer“ во текот на летото. Есента требаше да биде полна со хитови, а некои од нив се „Dune: Part Two“ и „Challengers“ со Зендаја во главните улоги, како и спин-офот на Спајдермен, „Kraven The Hunter“. Но, поради штрајкот сите тие премиери беа одложени за 2024 година.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.