
Шоубиз
Трамп го поштеди принц Хари: „Нема да го депортирам, сопругата му е доволно голем проблем“
Принцот Хари може да „здивне“ – Доналд Трамп донесе конечна одлука дека нема да го депортира од САД, и тоа со прилично пикантно оправдување.
„Ќе го оставам на мир. Има доволно проблеми со неговата сопруга. Таа е ужасна,“ изјави Трамп, а неговите зборови веднаш предизвикаа реакции во јавноста.
Инаку, имиграцискиот статус на Хари беше предмет на правна битка во Вашингтон, бидејќи фондацијата Heritage тврдеше дека неговото добивање виза требало да биде блокирано поради неговите признанија за користење недозволени супстанции.



