Тристан не се менува: Клои Кардашијан повторно ја прекина врската со кошаркарот поради неверство
Клои Кардашијан и нејзиното старо-ново момче Тристан Томпсон повторно се разделија.
Оваа вест пристигна откако DailyMail ексклузивно откри дека Томпсон (30) наводно исчезнал во соба со три девојки на една домашна забава за време на викендот.
Иако извори велат дека парот се разделил пред неколку недели, Тристан и Клои (36) биле видени заедно во четвртокот со нивната ќерка Тру (3). Извор за PageSix тврди дека нивната разделба била пријателска и дека тие се концетрирани на растење на нивната ќерка заедно.




