Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го очекуваат своето второ дете со помош на сурогат мајка

Шоубиз

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го очекуваат своето второ дете со помош на сурогат мајка

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го очекуваат своето второ заедничко дете преку сурогат мајка, и тоа е момче!

Американскиот медиум Page Six ја пренеса веста за полот на детето. Близок извор за нив изјавил дека „раѓањето на машкото бебе е неизбежно, за неколку дена“.

-Клое отсекогаш сакала братче за Тру и решила да продолжи со раѓањето на бебето со поддршка од нејзиното семејство – изјавил изворот за Page Six.

Клое и Тристан раскинаа во декември 2021 година, откако се појави веста дека Тристан повторно ја изневерил и забременил друга жена. Но, ако сте збунети околу временската линија, тоа е прилично едноставно: очигледно, нивното второ дете било зачнато пред да ја прекинат врската (и навидум пред Клои да дознае за неговото неверство).

-Можеме да потврдиме дека Тру ќе добие братче или сестричка. Бебето е зачнато во ноември. Клои ѝ е многу благодарна на неверојатната сурогат-мајка за овој прекрасен благослов. Би сакале да ве замолиме за љубезност и приватност за Клои да може да се фокусира на нејзиното семејство – стои во изјавата која беше испратена до американските медиуми.

Веста за проширување на семејството на Клои и Тристан започна да се шири во средата попладне, а TMZ беше првиот што ја објави информацијата. За жал, иако ријалити ѕвездата се трудела да остане во тајност, веста неочекувано протече. „Клое ја чуваше бременоста во тајност за да ја заштити приватноста и безбедноста на сурогат мајката“, изјави извор за Е! News, „и да го заштити нејзиното ментално здравје од осудата од јавноста како резултат на постапките на Тристан“.

Клои и 31-годишниот НБА играч веќе имаат една ќерка, Тру, која се роди откако се дозна дека тој ја изневерувал Клои додека била бремена. Покрај неа, кошаркарот има уште два сина – петгодишниот Принц, кој го имаше со манекенката Џордан Крег и шестмесечниот Тео, со фитнес моделот Марали Николс.

Изворите истакнуваат дека Клои и Тристан немаат никаква комуникација, освен кога станува збор за нивната ќерка.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.