Сцена
Шварценегер се вклучи во борбата против загадувањето со пластика
Актерот и политичар Арнолд Шварценегер се вклучи во глобалната инцијатива на Обединетите нации (ОН) за борба против загадувањето со пластика.
Иницијативата „Победи го пластичното загадување“ ќе се одвива под мотото „Ако не можеш повторно да го употребиш, одбиј го!“, ОН ја промовираше по повод Светскиот ден за заштита на животната средина, кој се одбележува на петти јуни.
Во проeктот се апелира да не се користат пластични предмети за еднократна употреба и на тој начин да се поддржи борбата против загадувањето со пластика.




