Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина српскиот пејач Синан Сакиќ

Музика

Почина српскиот пејач Синан Сакиќ

Познатиот српски турбо-фолк пејач Синан Сакиќ почина утрово во Белград, по битката со тешка болест на црниот дроб.

Тој лани имаше операција за вградување стентови во жолчните канали, но редовните прегледи востановија дека тоа не е трајно решение и мораше да се изврши трансплантација на црн дроб. Пред неколку дена  беше префрлен во Падова, Италија, заради трансплантацијата, но за жал, битката со опаката болест е изгубена.

Синан Сакиќ е роден на 13 октомври 1956 година. Пејачката кариера ја почна 1978. со песните „Растанак крај реке” и „Срели смо се много касно”. До 2017 година тој издаде 29 музички албуми.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.