МК Сцена
Словенечката култна група „Лајбах“ за главната вечер на 17. издание на „Таксират“
Насловна фотографија: Атанас Стојановски / Популарно.мк
Главната вечер на 17. издание на „ТАКСИРАТ“ на 7. декември во „Метрополис Арена“ има чест да биде домаќин на словенечката индустријал легенда, култната група „ЛАЈБАХ“!
Најпознатата и истовремено најконтроверзната група од регионов, по речиси осум години пауза од студиските изданија, доаѓа со новиот и исклучителен албум „Spectre“ (сениште). „Лајбах“ со овој албум повторно е една од најголемите атракции на музичката сцена. Откако го промовираа ширум Европа, годинава следеше и турнејата во С.А.Д., а неодамна го привлекоа вниманите на медиумите од целиот свет со веста која одекна за нив како единствениот западен бенд кој доби дозвола да настапи во Северна Кореја, најзатворената земја на светот.




