Сцена
СУДОТ ОДЛУЧИ: Мадона го изгуби старателството над синот
После долгиот судски процес, поп кралицата Мадона го изгуби старателството над синот Роко.
Семејните несогласувања почнаа уште во декември 2015 година, кога сега 16-годишниот Роко замина да живее со неговиот татко во Лондон Гај Ричи и неговата нова сопруга, бидејќи мајка му заминала на светска турнеја.
Но кога таа се врати, тој не сакал да дојде дома, а препукувањата меѓу мајката и синот беа и јавно видливи на социјалните мрежи. Беше покрената судска постапка, за време на која Роко изјави дека сака да живее со неговиот татко, за што Мадона не сакаша ни да чуе.




