
Шоубиз
Мадона повторно во центарот на скандалот – провокативни фотографии ја разбеснија јавноста
Поп-иконата Мадона, која има 66 години, уште еднаш покажа зошто важи за мајстор на провокации.
Во најновата фотосесија за CR Fashion Book, пејачката позира во луксузна лимузина, облечена во црн корсет, црвен градник и проѕирни чорапи, со раширени нозе и пиштол во рацете.
На друга фотографија, таа е во елегантен црн фустан без ракави, наведната кон жена облечена како калуѓерка, како да ја бакнува. Понатаму, се појавува легната на гроб, опкружена со црвени рози и запалени свеќи.



