Сцена
Сузан Акбелге: „Балканска приказна” дава чувство на искреност и единство, токму ова се и чувствата и љубовта што ја имам кон мојата професија
Македонската актерка Сузан Акбелге којашто периодов е позната по ликот на Елена во турската серија Балканска приказна, серија којашто подолго време се снима во Македонија, го привлече вниманието и интересот на публиката во Македонија, и Турција.
Таа за карактерот на Елена вели дека ја потсетува на нејзината мајка, авторитарна, силна и дисциплинирана жена и токму тоа е и најголемиот предизвик во нејзината улога. Но и покрај се, Елена е пред се мајка, успешна и силна жена, како што е и мнозинството на жени во Македонија, вели Акбелге.
-И покрај се, Елена е пред се мајка, и како и секоја мајка и таа е полна со љубов, но поради проблемите со кои се соочува и околностите, на површина избива токму таа доминантна жена. Во Македонија има такви жени , исто како и во секоја земја. Генерално, мнозинството жени се успешни, посебни, се грижат за себе и се трудат да живеат во единство – додава Сузан Акбелге.






