Шоубиз
Алпер Салдиран го прослави својот 40-ти роденден
Шармантниот турски актер, Алпер Салдиран, го прослави својот 40-ти роденден и сподели прекрасни фотографии на својот профил на Инстаграм. Фановите му посакаа многу здравје, среќа и успех.
Алпер ги освојува срцата на социјалните мрежи исто како и на малиот екран. Toj e еден од најомилените турски актери. Со кариера долга повеќе од една деценија, Алпер ја плени публиката со своите моќни изведби. Неговата страст за глума била очигледна уште од мали нозе кога за првпат излегол на сцената на само пет години, играјќи во претстави во неговата градинка. Ова ја поттикнало неговата силна љубов кон уметноста, што го натерало да нурне длабоко во театарот и танцот, особено кавкаските народни танци.





