Сцена
„Светецот“ на Кардашијан: Кание Вест и Ким Кардашијан му дадоа име Сент Вест на својот син
Раперот Кание Вест и Ким Кардашијан му избраа име на своето бебе, кое ќе се вика Сент (Светец) и дел од јавноста нивната објава на Твитер ја проследи со потсмев.
Кардашијан името на новородениот син го објави вчера на Твитер заедно со цртеж кој ги претставува целото семејство.
– Престануваме да работиме. Не постои можност ние или било кој друг да направи шега која е толку одлична како што Кание го нарекол својот син Сент Вест, гласи еден од твитовите на социјалната мрежа.




