МК Сцена
ТАКСИРАТ 17: Журкање до раните утрински часови во „Метрополис арена“ (ФОТО)
Насловна фотографија: Емилија Стојменовска / Популарно.мк
Скопје беше сведок на уште едно, овој пат 17. издание, на фестивалот Таксират. Финалето на овој фестивал беше одбележано со настап на шест исклучително квалитетни изведувачи за кои се бараше место повеќе во преполната Метрополис арена.
За енергичниот старт на фестивалот беше задолжена шведската хеви метал атракција „Сабатон“, а по нив на сцената се појавија долгоочекуваниот словенски состав „Лајбах“ кои токму на “Таксират” го претставија својот нов албум „Спектре“.

























