Сцена
„Светот на Јурата“ ги урива рекордите на гледаност
Филмот „Светот на Јурата“ ги урна рекордите на гледаност и стана прво филмско остварување што во текот на првиот викенд од прикажување ја надмина сумата од половина милијарда долари заработка во целиот свет.
Филмот низ целиот свет веќе заработи 511,8 милиони долари, од кои 100 милиони во Кина, објавија американските медиуми.
Новата епизода од „јурскиот“ серијал филмови на Стивен Спилберг, го урна рекордот што досега го држеше филмот „Хари Потер и реликвиите на смртта“, во во првиот викенд на прикажување заработи 483 милиони долари.




