Сцена
Тејлор Свифт проггласена за ариевска божица и идна снаа на Трамп
Според водечките топ листи, како музичките, така и оние кои ја следат заработувачката, Тејлор Свифт извесен период е најпопуларна пејачка во светот, а за тоа колкава е нејзината популарност говори и фактот дека таа има фанови во сите кругови, вклучувајќи ги и неонацистичките.
Така, неонацистите се уверени дека убавата русокоса е „една од нив“ и дека „само го чека моментот на победата на Доналд Трап за да ги открие своите политички ставови“.
– Тејлор Свифт е чиста ариевска божица. Таа наликува како да излегла од класичната грчка поезија. Повторно родена божиџа Атина. Исто така, факт е дека таа е тајна обожавателка на нацизмот и едностано чека Трамп да и овозможи без проблеми да ја објави својата ариевска мисија. Најверојатно ќе се омажи за синот на Трамп и тие двајца ќе бидат крунисани како американска аристократија, тврди авторот на еден нацистичкиот блог, Андре Енглин.




