МК Сцена
Се подготвува новиот летен хит на Тајзи и Спејко
Тајзи и победникот на „Велики Брат“ Дарко Спејко го најавуваат балканскиот хит за ова лето „Палимо“.
Спотот се снимаше во Хрватска поточно во Сплит, Омиш и Макарска.
Во видеото се појавуваат и девојките од денс групата „Клик“(clique), има прекрасни живописни локации од хрватското приморје, а она што може да се издвои е автомобилот „Шевролет Импала“ кој го возеа за време на снимањето,а тоа е всушност автомобилот на Јосип Броз Тито.




