Сцена
Тони Зен: „Глумат добродушни луѓе за да скријат нешто друго…“
Дали новите генерации умеат да создадат вистинска музика или се работи турбо само за слава? Дали инфлуенсерите што се занимаваат со готвење навистина го сакаат и го прават тоа добро или се работи само за лајк? Новите генерации спроти оние повозрасните, поискусните, во „Нешто конкретно се дружиме со Тони Зен, Иван Ајнштајн, Наде Молеровиќ и Шеф Никола Мишковски. На кои им е полесно денеска со напреднатата технологија, на оние што ги фатија „двете времиња“ или оние што се родија заедно со паметните телефони?
Можеме ли да заклучиме дека новите генерации се понеинтелегентни од оние постарите? Тони Зен ќе каже дека не се сложува. „Инстинктот за преживување надвор и однос надвор човек со човек го немаат или тој респект го немаат, можеби се со главите наведнати или нема да каже респект добар ден, пријатно ова она, но може да направи некаква сонда и да не однесе некаде подалеку, не знам“ рече тој и додаде дека нема ништо против вештачката интелегенција.






