Сцена
Зоки Фаци: „Го прашав Бранко Црвенковски каков долен веш носи, така го кренавме шоубизнисот кај нас“
Мелита Ракичевиќ, Зоки Фаци, Илина Арсова и Давид Давидовски во „Нешто конкретно“ на тема „Дали скромноста е доблест или маана“.
Познавајќи ги нашите гости и нивниот начин на живот публиката сигурно веднаш ќе пресуди дека тие се сосема нескромни, но во новото издание на нашата емисија ќе откриеме дека секој од нив има две страни, односно скромна и нескромна.
Зоран Василевски изјави дека започнал како скромно момче, но животот и работата која што ја работи го направила нескромен. „Особено кога го открив канцерот пред две години одлучив да не бидам скромен затоа што еднаш се живее и сега животот го живеам стотка на саат“, изјави тој.





