Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Трамп лут на „Нордстром“ поради прекин на соработката со Иванка

Сцена

Трамп лут на „Нордстром“ поради прекин на соработката со Иванка

Доналд Трамп на Твитер ја нападна трговската компанија за луксузни стоки „Нордстром“ поради исфрлањето од продажба на модната линија на неговата ќерка Иванка, оценувајќи го тој потег како „многу неправеден“.

– „Нордстром“ многу неправедно се однесуваше кон мојата ќерка. Таа е прекрасна личност. Секогаш ме поттикнува да го направам правилниот потег, напиша американскиот претседател.

Тој тоа прво го „твитна“ на својот личен налог, а потоа го преобјави и на официјалниот профил на претседателот на Твитер, што досега беше наменет само за прашања од државен интерес.

„Нордстром“ минатата недела ја прекина соработката со Иванка Трамп, официјално поради лошиот пласман на нејзината модна колекција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.