Сцена
Турнејата на Хари Стајлс меѓу првите 10 на сите времиња
Британскиот музичар Хари Стајлс има изведено дури 169 концерти како дел од неговата „Love on Tour“ во последните 23 месеци. Последниот концерт го одржа во Италија. Социјалните мрежи се преполни со видеа од неговите концерти, а сега се знае и колку Хари заработи од оваа турнеја.
Имено, 29-годишниот музичар со турнејата заработил 590 милиони долари (530 милиони евра), со што неговата турнеја е една од најдобрите десет на сите времиња. Го слушаа околу 4,7 милиони фанови. Тој беше рангиран на четвртото место на табелата Billboard Boxscore, пред U2 и Ед Ширан кој имаше турнеја што траеше од 2017 до 2019 година.




