Сцена
Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и пијанистката Ема Попивода ќе настапат на интернационалниот фестивал „КоторАрт“ во Црна Гора
Во недела, 30. јули, македонскиот камерен оркестар „Профундис“ заедно со виртуозната пијанистка Ема Попивода како солист ќе настапат на интернационалниот музички фестивал „КоторАрт“ во Котор, Црна Гора.
Ова е уште едно во низата интернационални гостувања на „Профундис“ ова лето, по спектакуларниот настап на сцената на престижниот фестивал „Раванелиус“ во Србија.