Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Амбасадорки на добрата забава – The Frajle

Сцена

Амбасадорки на добрата забава – The Frajle

Годинава во која Frajle го прославуваат својот 14-ти роденден се целосно работно ангажирани. Летото им е исполнето со веќе закажани турнеи по регионот, а поради специфичниот настап на концертите од медиумите ја добија и титулата ”Амбасадорки на добрата забава”.

”Оваа титула за нас е голема чест бидејќи истата ја потврдува посветеноста која ја имаме во својата работа и желбата да сите емоции кои се наоѓаат во нашите песни се пренесуваат на публиката. Сега веќе после 14 години тоа е взаемна љубов помеѓу нас и нашата публика и прилика да со секој нов концерт, особено во Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, да ги избришеме границите и да создадеме музика за публика од 7 до 77 години, но и за секој помлад и повозрасен”, едногласни се Frajle по добивањето на титулата ” Амбасадорки на добрата забава”.

Фановите на концертите може да уживаат во нивните сценски движења, кореографијата и автентичниот звук на трите дами од групата Frajle.

И покрај големата ангажираност на турнеите Frajlе не мируваат, напротив, тие вредно работат на новиот албум, на претставата и книгата “Како станав Frajla” и продолжуваат да го прошируваат својот бренд во повеќе насоки.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.