Сцена
Уапсено е момчето кое ја прогонуваше Ријана
Момчето кое на социјалните мрежи се претставувало како Алекс Меркор и Ралф Александар, вчера е уапсен во Лос Анџелес, поради сомнение дека ја прогонувал популарната пејачка Ријана, пренесува „ТМЗ“.
Откако полицијата го привела момчето кое ја следело Ријана, потврдено е дека зад заканувачките пораки и вознемирувачките фотографии, кои од април минатата година пристигнуваат на адресата на популарната пејачка, се крие ова момче.
По повеќемесечното вознемирување, момчето кое ја следело Ријана своевремено на социјалните мрежи напишал дека добил дозвола за оружје, а потоа објавил фотографија од пред нејзината вила со порака: Требаше да ја убијам Ријана пред пет минути, сега ќе ми беше многу полесно.




