МК Сцена
THE BRIDAL FASHION NIGHT: Уникатно целовечерно доживување за идните невести
Идните невести ќе имаат можност да ги видат најубавите венчални фустани на третиот „The Bridal Fashion Night“ , кој ќе се одржи на 5 февруари во 19 часот, во Македонскиот народен театар во Скопје.
Вечерта која е во организација на Моден викенд Скопје, ќе ја отвори салонот за венчаници „Зиане“ кој по 22 години од своето работење се сели во нов салон на досегашната локација во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во Скопје.
На вечерта посветена на венчаници, свечени тоалети и се она што е потребно за организирање на свадбениот ден, ќе ги видиме и ревиите на домашните ателјеа за венчаници „Ал Апарел“ со најновата колекција „Ретки бисери“ и „Elizabet design studio“ кои од неодамна се наоѓаат во центарот на градот.




