МК Сцена
ЈУБИЛЕЈНО 10. ИЗДАНИЕ НА МАРС: Радиските хитови на годината ќе се избираат на 14 ноември
Најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани и испратени до организаторите од над 30 радиостаници во Македонија ќе бидат избрани на 10. Македонски радиски фестивал МАРС 2017 кој ќе се одржи на 14 ноември во Македонската опера и балет.
Повеќе од 100 изведувачи и 500 песни биле испратени од македонските радиостаници и, по разгледувањето, најслушаните се ставени на финалната листа според оценката на жирито, составено од претставници на национални и локални радија од различни региони од Македонија.
Изведувачот кој ќе биде прогласен за апсолутен радиски хит за 2017 година ќе добие награда од 60.000 денари, а за авторот на една од финалните песни чиј текст ќе биде прогласен како најдобар од новинари од разни медиуми во Македонија ќе добие награда од 10.000 денари.





