МК Сцена
Љубовта пред тест во Капитол Мол
Љубовни предизвици, интригантни прашања и тестирање на љубовта. Да се предизвика саканиот е несекојдневна авантура која преку ноќ станува популарна секогаш кога се наближува средината на најочекуваниот месец во годината, февруари.
Секоја долга врска има и своја забавна страна, а и оваа година Капитол Мол не изостана тоа да го покаже на најдобар начин. Од 4ти до 14ти февруари, таква беше атмосферата која деновиве преовладуваше во Капитол Мол, каде сите вљубени парови имаа можност да си постават љубовен предизвик и да пробаат да одговорат точно на поставените прашања.
На 11ти февруари голем број на парови застанаа пред “судот” на љубовниот квиз во Капитол Мол, каде беше разоткриена и вистината и љубовта.






