Настани
ВЕЧЕРВА СКОПЈЕ ЌЕ ИГРА НА ЛАТИНО: Енрике Инглесиас со голем концерт во „Борис Трајковски“
Енрике Иглесијас – кралот на латино-поп музиката, вечер во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одржи концерт во рамки на неговата светска турнеја насловена „Секс енд Лав“ (Sex and Love).
Организаторот на гостувањето Денис Илиоски од Авалон Продукција посочи дека станува збор за историски концерт затоа што во Македонија доаѓа пејач од А-листата на светски изведувачи, но и суперексклузивен бидејќи капацитетот на салата е убедливо најмал од сите простори на кои Енрике настапувал во изминатите 10 години низ светот. Имено, пуштени се само 8.000 билети во продажба.
Инаку, светската поп ѕвезда доаѓа овој месец специјално во Македонија, со оглед дека во мај месец во регионот веќе одржа концерти во Белград, Загреб и во Софија.





