МК Сцена
НОВ ЛЕТЕН ХИТ: Слушнете ја „Палимо“ на Тајзи и Спејко (ВИДЕО)
„Палимо“ е песната на која сигурно ќе се танцува ова лето, а е во изведба на Тајзи и Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат“. Овој потенцијален летен хит доби и свој видеозапис, сниман во Хрватска, поточно во Сплит, Макарска и Омиш.
Режисер на спотот е Владимир Ивановски Дади, додека пак текстот за песната го направи Драган Величковски Тајзи, а музиката е на Лазар Цветковски.
Жешкото видео изобилува со атрактивни и весели кадри, многу згодни девојки, а во него се појавуваат и колегите на Спејко од „Големиот брат“, Ервин и Мирјана.



