МК Сцена
ВИДЕО: Ангелу мој брате – новата песна на Ван Гог на македонски јазик
Денеска во 12 часот култната српска група Ван Гог ја промовираше песната Ангелу мој брате, отпеана на македонски јазик. Како што наведуваат од групата, оваа песна е во знак на пријателство и благодарница за македонската публика за сите 29 години поддршка.
– Учевме многу од македонската музика, запознавме многу прекрасни македонци, стекнавме пријатели. Одамна размислуваме за песна на македонски јазик и еве со Ангеле мој брате тоа и се случи. Текстот е универзален и навистина бееше лесно да се направи текстот а и да се отпее, вели Звонимир Џукиќ Џуле фронтменот на групата Ван Гог.
Инаку, засега, македонската верзија го доби веќе постоечкиот спот во кој се појавува легендарниот актер Петар Божовиќ, но во блиска иднина се подготвува и нов спот кој би се снимал во Македонија, поточно ви сите градови и места каде Ван Гог настапувале.




