Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВИДЕО: Неверојатен настап на Македонките со „еластични срца“

Музика

ВИДЕО: Неверојатен настап на Македонките со „еластични срца“

На 28ми и 29ти март во салата „Јане Сандански“ во општина Аеродром се одржа натпреварот Macedonia Open 2015 на кој се претставија голем број на танчери во повеќе танчерски категории од целиот Балкан.

На натпреварот учествуваа и талентираните танчерки Камелија Секуловска и Сања Ангелова кои со својот перформанс на музичката нумера „Elastic heart“ на пејачката Сиа предизвикаа овации кај публиката.

– „Ова е нашето прво дуо, а воедно и наша прва кореографија. Целта ни е преку танцот да пренесеме приказна и порака, инспирирани од секојдневниот живот. Танцот што ќе го погледнете е подготвуван за само еден месец, што е мотивација плус да вежбаме и да се усовршуваме повеќе. За кратко време подготвуваме нова кореографија со која ќе се натпреваруваме на државниот натпревар.“ – вели Секуловска.

Сања, пак, сподели дека на секој настап на сцената даваат сѐ од себе, а со истото темпо планираат да продолжат да работат и во иднина.

Во продолжение погледнете го видеото:

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.