Сцена
Вин Дизел: Ќе има десет продолженија на „Брзи и бесни“
Откако Џејмс Ван, режисерот на одличните „Брзи и бесни 7“, се повлече од понатамошното снимање, продуцентската куќа Универзал имаше проблеми со наоѓање на режисер.
Очигледно и дека на Џастин Лин, кој ги режираше продолженијата од третиот па до шестиот дел на серијалот, малку му е доста, па ни тој не беше заинтересиран за враќање во високооктанските води, пишува хрватскиот портал „24 сата“.
Но, Вин Дизел има добр вестии. На неговиот официјален Фејсбук профил откри некои значајни информации.




