МК Сцена
Вечерва „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатни автобуси на ЈСП, филмски маратон и концерт на С.А.Р.С
Во Скопје вечер ќе се одржува 11-тата манифестација „Бела ноќ“ која ќе понуди голем број настани од културата – изложби, концерти, читања и филмски маратон, со вклученост на сите институции од културата во главниот град.
Официјалното отворање на годинашната „Бела ноќ“ е во Музеј на Македонија во 20.30 часот, со изложбата „Црвен петел, црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“. Изложбата претставува дел од култовите на плодност што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес. Предисториските женски фигурини, античките садови и ламби ја претставуваат археолошката манифестација на овие култови.
Во исто време на плоштадот „Пела“ ќе се одржува модна ревија на модното студио „Црнокрак“.




