Сцена
Владимир Четкар: „Зошто снегот брзо се топи во Охрид? Скапа му е киријата“
Започна новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, стартуваме во месецот на машкото здравје па затоа започнуваме со машко друштво. Темата беше „Колку вредиш“, а нашите вредни пријатели Владимир Четкар, Гораст Цветковски, Агим Јонуз и Роберт Спасенцовски направија нашата прва емисија од третата сезона да се памети по многу позитивна енергија која се надеваме ја пренесовме и преку малите екрани до вас.
Дали вредиме колку што заработуваме или вредиме толку колку што другите трошат на нас? Дали сами си ја ставаме цената или другите ни ја креваат и спуштаат по потреба?
Владимир Четкар зборуваше за својот град Охрид, за тоа колку и дали неговите сограѓани ја ценат вредноста на тој град. „Многу охриѓани би ги избркал од Охрид“ рече искрено и потсетувајќи се на времињата кои не се враќаат, „деца се правеа по кајчиња немаше тогаш пари за хотели, да не беа кајчињата наталитетот ќе ни паднеше“ се пошегува Четкар.





